– Институтот за дизајн и технологија (ИДТ) и Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“ почнуваат уникатна програма за стипендирање, а првпат во процесот на стипендирање се вклучуваат и компаниите. Оваа пилот-програма стартува со Академијата за UX/UI plus, која е проширена и го опфаќа целокупниот развој и дизајн на софтверски решенија базирани на веб, покривајќи ги едни од најбараните работни позиции на денешницата: UX/UI дизајнер, WordPress и Front – End девелопер.
Поддршката се однесува на три поединечни стипендии што покриваат 50 и 100 отсто од износот на изучувањето на оваа десетмесечна академска програма.
– Поради фактот што постои недостиг на кадар, кој може да се адаптира во една динамична средина со голем број проекти за клиенти од различни континенти (поврзани со развој на веб-апликации), компаниите од индустријата се вклучија со директно стипендирање на студентите со тоа што по завршување на академијата, истите ќе бидат дел од овие работни средини. На овој начин, идните студенти се подготвени да работат согласно потребите на работодавците, а за возврат добиваат нови лојални вработени подготвени практично да се доусовршуваат, вели генералниот директор на ИДТ, Крсто Златков.
Процесот на стипендирање од страна на компаниите почнува со „Инфо ден“ што ќе го организира Институтот на 7 март 2022, но ќе има можност и за online- следење. Идните студенти ќе се запознаат со програмата, менторите и процесот за аплицирање за стипендиите, кои се директно финансирани од страна на компаниите од индустријата.
UX/UI Plus академијата е наменета за оние кои сакаат да започнат кариера како UX/UI дизајнери, WordPress програмери и Front-End девелопери; лица без претходно искуство кои сакаат своето образование да го насочат кон технологијата и дизајнот со фокус на развој на веб-страни; лица кои имаат завршено технички факултети (ИТ-науки, компјутерско инженерство и графички дизајн) како и лица кои веќе имаат искуство во ИКТ-индустријата.
Рокот за поднесување на апликација за стипендија ќе биде отворен до 21 март 2022, а повеќе информации има на https://www.facebook.com/
Поврзани артикли