Софтверската компанија „Сеавус“ веќе петта година по ред организира талент-програма за оние што сакаат да почнат кариера како инженери за ИТ-операции и поддршка.

Кандидатите што ќе се пријават ќе имаат можност да се запознаат со оперативните процеси и да стекнат почетничко знаење во неколку области, како што се: основи на ИТ-операции и поддршка според ИТИЛ-стандардизација, основи на оперативните системи Linux и Windows, вовед во клауд-компјутинг, администрирање и одржување на MS SQL или Oracle-серверите, Shell и Powershell-скриптирање и вовед во ИТ-безбедност.

Талент-програмата е со времетраење од пет недели, почнувајќи од март, три пати во неделата, односно осумчасовна интерактивна и практична програма водена од нашите ИТ-експерти.

По завршувањето на талент-програмата, најдобрите ќе имаат можност за вработување во „Сеавус“, во дивизијата Managed Services, која веќе втора година по ред е вброена во листата на топ-100 Managed Services-провајдери во светот.

„Во изминатите пет години ‘Сеавус’ има вработено триесет и два инженера, кои имаат изградено успешна кариера. Искуството да се работи како дел од тимовите на нашата дивизија е навистина голем предизвик за сите инженери кои тукушто дипломирале или се во завршна година од своите студии. Вообичаено, интересот за талент-програмата е голем и добиваме меѓу 30-50 апликации. По процесот на селекција, 12-15 кандидати се вклучуваат во програмата“, изјави Глигор Добривојевски, technology line-менаџер во дивизијата Managed Services.

Аплицирањето е во тек и сите заинтересирани може да се пријават на следниот линк.