Газираните пијалаци се омилени за многумина, ги има во различни вкусови, а ни даваат и доза на шеќери кои понекогаш им се потребни на нашето тело.

Меѓутоа, експертите предупредија дека некои популарни напитоци можат да го зголемат ризикот од мозочен удар.

Мозочниот удар е сериозна медицинска состојба во која се прекинува дотокот на крв во мозокот. Експертите тврдат дека постојат начини со кои може да спречите мозочен удар, а тоа се редовно вежбање, здрава исхрана и избегнување консумирање алкохол и цигари.

Студија објавена во списанието „European Society Cardiology“ открила дека енергетските пијалаци кои имаат висок процент на кофеин можат да доведат до бројни штетни здравствени состојби.

Ревматологот Рул Хај-Али од клиниката во Кливленд, изјавил:

„Енергетските пијалаци содржат мегадози на кофеин, а понекогаш и други стимуланси. Откривме дека некои луѓе кои ги користат доаѓаат во болница со мозочен удар или тешко крвавење во мозокот. Тоа вообичаено се млади лица или пак здрави луѓе во 30-те и 40-те години од животот“.

Како спорна супстанција научниците ја издвоиле комбинацијата на кофеин, таурин и шеќери, а тие можат да предизвикаат оштетување на слузницата на артериите и вените.

Извор: B92.net