Intel го објави првиот бран на своите Alder Lake мобилни процесори од 12-та генерација на CES 2022 саемот, но само X-серијата е посветена на најмоќните лаптопи од високата класа. Сега ги добивме и останатите Alder Lake чипови, од P и U сериите објавени во јануари, кои се наменети за потенки, полесни и поевтини лаптопи. Има дури 20 различни модели процесори за широк спектар на лаптопи кои се очекуваат во текот на март. Покрај серијата P, серијата U доаѓа во две варијанти на декларирана потрошувачка, 9W и 15W.
Како и неговите помоќни роднини во серијата H (и десктоп процесорите Alder Lake објавени од Intel во 2021 година и на CES 2022), новите P и U серии имаат повеќе јадра од моделите од 11. генерација со хибридна архитектура, што комбинира јадра со високи перформанси со оние со висока ефикасност за да се постигне помала потрошувачка на батеријата.
Intel ветува големи подобрувања благодарение на поголемиот број јадра, со дури 70% подобри перформанси со повеќе нишки во споредба со 11-та генерација и соодветните решенија на AMD. Компанијата, исто така, ja наведува предностa во тестовите во однос на Apple M1 и M1 Pro (иако не и M1 Max), како и AMD Ryzen R7 5800U во задачи како преглед на содржинi на интернет и обработка на фотографии, иако останува да се види како оваa предност ќе се докаже во пракса.
Intel оваа година ја промени ознаката на ултрапреносливите мобилни чипови, па моделите од 28 W кои претходно беа дел од U серијата сега се одвоени во своја P серија. Оваа серија, покрај тоа што троши помалку енергија од моделот H, е слична на нив во многу аспекти, вклучувајќи го и бројот на јадра – најсилниот Core i7-1280P има 14 јадра (6 помоќни и 8 поефикасни) како и најдобри модели од сериите i9 и i7 H, се разбира само пониски работни фреквенции и севкупни перформанси.
Во серијата од друга страна има помалку јадра од P серијата, при што сите сериски модели имаат две посилни јадра, а вкупниот број на јадра е помеѓу 6 и 10 во зависност од моделот. Новите процесори ја вклучуваат интегрираната Iris Xe графика на Intel, а производителите на лаптопи можат да додадат дискретни графички процесори, вклучувајќи го и новиот ARC на Intel.
Поддржани се многу современи стандарди, вклучувајќи Wi-Fi 6E, Thunderbolt 4 и PCIe 4.0, иако интересно не е HDMI 2.1.