Xiaomi 12 серијата веќе се состои од три модели, а наскоро ќе добие и четврти.
Во линијата моментно се наоѓаат Xiaomi 12, поголемиот Xiaomi 12 Pro и подостапниот Xiaomi 12X, но изворите сега открија дека пристигнува и четвртиот член од серијата наречена Xiaomi 12 Lite. Овој уред се развива под кодното име L9 taoyao, а рендерите открија како ќе изгледа. Исто така, познати се и првите детали за него.
Xiaomi 12 Lite ќе има 6,55-инчен OLED екран и ќе биде малку поголем од Xiaomi 12, што го потврдува и споредбата на рендерот. Ќе го покренува процесор од Snapdragon 700 серијата, најверојатно Snapdragon 770G+, а на задната страна ќе има три камери меѓу кои Samsung ISOCELL GW3 ќе биде главниот сензор од 64 MP. Ќе биде придружен со ултраширока и макро камера без оптичка стабилизација.
Нема официјален датум за претставување на уредот и неговото пристигнување на пазарот.
Поврзани артикли