На интернет „протекоа“ спецификациите на дури четири претстојни уреди од Galaxy A серијата на Samsung.

Најдобар од оваа група уреди ќе биде Galaxy A73, кој доаѓа со 6,7-инчен FHD+ AMOLED екран со фреквенција од 120Hz, Snapdragon 750G процесор и батерија од 5.000 mAh која поддржува брзо полнење од 25W. Одзади има четири камери, главна од 108, „декоративната“ од 2 MP (најверојатно сензор за длабочина) „и две дополнителни камери од 12 и 8 MP. Едната од нив дефинитивно е ултраширока, додека другата може да има 2/3x зум. Овој модел го заменува Galaxy A72G, кој имаше ист процесор, но и главна камера од 64 MP. Другите спецификации се многу слични.

Galaxy A53 ќе го покренува Exynos 1200 процесор, има 6,52-инчен FHD+ AMOLED екран со стапка на освежување од 120Hz, како и батерија од 5.000 mAh која поддржува брзо полнење од 25W. Одзади има и четири камери, главна од 64, ултраширока од 12, макро од 5 и сензор за длабочина исто така од 5 MP.

И двата уреда опишани погоре го користат оперативниот систем Android 12.

Galaxy A33 пристигнува со 6,4-инчен FHD+ AMOLED дисплеј за стапка на освежување од 60 Hz, MediaTek Dimensity 720 процесор и малку поинакви задни камери, главна од 48MP, ултра широка од 8MP, макро со 5 мегапиксели и сензор за длабочина од 2 MP. Се напојува со батерија од 5.000 mAh која поддржува полнење од 15 W. Овој уред користи Android 11. Galaxy A32 има екран кој не е AMOLED, со помала резолуција и тоа се разликите во однос на новиот модел.

Конечно, на пазарот наскоро ќе се најде и Galaxy A22 5G со три задни камери, од кои главната и ултрашироката имаат помала резолуција.

Се чини дека Galaxy A серијата носи претежно мали подобрувања во однос на минатогодишните модели, а презентацијата ќе се одржи во март.