Можно е да се заразиме со два различни подтипови на „омикрон“ двапати по ред, но тоа ретко се случува, покажа данска студија.
Новата студија, спроведена од истражувачите од најголемиот дански здравствен институт за заразни болести (Statens Serum Institut), покажува дека инфекцијата од подтипот BA.2 може да следи многу брзо по оригиналната инфекција од подтипот BA.1, но дека тоа е ретка појава. Овие два подтипа се разликуваат во 40 мутации.
Додека BA.2 моментално претставува повеќе од 88 проценти од случаите на инфекција во Данска, бројот на нови инфекции со овој подтип почна да расте во Обединетото Кралство, Јужна Африка и Норвешка.
Реинфекциите главно ги погодуваат младите, невакцинирани луѓе и предизвикаа само блага форма на болеста, но ниту една не резултираше со хоспитализација или смрт, велат данските научници.
Студијата спроведена помеѓу ноември и февруари, која сè уште не е прегледана, открила 1.739 случаи кои покажуваат дека истото лице прво било заразено со подтипот BA.1, а потоа, по 20 до 60 дена, со подтипот BA.2.
Во тој период во Данска имало 1,8 милиони заразени.
Во помала група примероци, студијата откри 47 случаи на реинфекција со BA.2 кратко време по инфекцијата со BA.1.
Истражувачите пронајдоа и помалку вирусен материјал во втората инфекција, што покажува дека лицето развило имунитет по првата инфекција.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли