Иако Windows 11 беше претставен пред неколку месеци, Microsoft не губи време и веќе размислува да започне со развој на следната голема верзија на Windows, што би можело да се случи следниот месец.
Германскиот сајт Deskmodder тврди дека од извори дознал дека развојот на Windows 12 би можел да започне во март.
Ова рано развивање на нова верзија на Windows не значи дека наскоро ќе ја видиме објавата на Windows 12. Ова е пристап што вообичаено го користат многу компании, каде што работата на следната генерација производи и услуги започнува пред тековната верзија да биде лансирана.
Ова им овозможува на компаниите дополнително време да вршат тестови, да пронајдат и да решаваат проблеми, пред да го објават производот/услугата.
Ако Microsoft го следи вообичаениот период на издавање, Windows 11 ќе биде присутен околу 5-6 години, пред да биде објавена следната верзија на оперативниот систем.
Поврзани артикли