Раџа Кодури од Intel, на средба со инвеститорите потврди дека компанијата планира да продаде повеќе од четири милиони ARC Alchemist графички картички оваа година.
Графичките картички Arc Alchemist најпрвин се очекуваат за лаптопите на Intel во текот на овој квартал, а потоа во следниот квартал ќе се појават на пазарот за десктоп компјутери.
Четири милиони графички картички на Intel ќе бидат дистрибуирани на различни пазари. Покрај тоа, компанијата потврди дека ќе пристигнат над 50 дизајни од компании кои ги вклучуваат ASUS, Dell, MSI, Acer, HP и Gigabyte.
Иако станува збор за голем број графички картички, треба да се напомене дека ќе треба да се дистрибуираат во различни сегменти – од лаптопи, преку различни производители, до DIY пазарот на компјутери.
На полето на софтверот, Intel потврди дека има повеќе од 100 софтверски партнери, кои го интегрираат XeSS (Xe Super Sampling) во своите игри, односно во апликациите имплементираат Deep Link акцелерација.
Во текот на наредните години, Intel планира агресивно да ја промовира новата GPU архитектура, која ќе ја замени Alchemist серијата.