Компанијата истакнува дека во рамките на новиот софтвер се тестираат голем број функции, но нема да бидат испорачани сите како финална карактеристика.

Најновaта Windows 11 „preview“ верзија е полна со новитети, што е дефинитивно добра работа за програмерите и инсајдерите што ги тестираат. Исто така, тоа е важно за корисниците бидејќи гледаат дека Windows 11 се развива многу побрзо.

Сепак, компанијата од Редмонд ги потсетува корисниците дека функциите што ги тестираат со помош на каналот Dev, не само што пристигнуваат со ознаката ETA (очекуван период на објавување), туку и дека постои јасна можност тие никогаш да не станат достапни.

Причината е што каналот Dev во рамките на програмата Windows Insider служи само за да му помогне на Microsoft да експериментира со различни идеи. Значи, нема гаранција дека функцијата, која е дел од овие верзии, некогаш ќе стане официјална.

„Овие не се секогаш стабилни верзии и понекогаш ќе видите проблеми кои ги блокираат клучните активности или бараат премостување. Важно е да ги прочитате проблемите наведени во нашите објави на блогот, бидејќи ние документираме многу од овие проблеми за време на тестирањето“, велат од Microsoft.

Извор: B92.net