По порастот на криминалот со криптовалути и ransomver напади, американското Федерално биро за истраги (ФБИ) ги откри своите планови за лансирање на нова единица.
Единицата ќе биде посветена на запирање на сајбер криминалците кои злоупотребуваат дигитални валути и нови технологии.
На овогодинешната конференција во Минхен за сајбер безбедност, заменик-јавниот обвинител на САД Лиза Монако најави формирање на единица за користење на виртуелна сопственост (VAXU). Монако тврди дека на тој начин ќе се спречат измами и закани кои ја злоупотребуваат иновативноста.
Тимот на VAXU ќе собере експерти за криптовалути, блокчејн анализа и заплена на виртуелни средства под еден покрив за да спроведе истрага и да ги обучи членовите на ФБИ како да се справат со овие растечки закани.
Единицата VAXU ќе биде дел од одделеието на Министерството за правда. На крајот на минатата година беше формиран тим за имплементација на законите поврзани со криптовалутите (NCET).
Кенет Полит, помошник-државен адвокат од Одделот за криминални злосторства на Министерството за правда на САД, даде дополнителен увид во тоа зошто е создаден NCET.
„Со брзиот развој на дигиталните средства и технологијата, забележавме зголемување на злоупотребата на овие иновации од страна на сајбер криминалците. Тие незаконски вршат и поттикнуваат сајбер напади, шеми за откуп и изнуда. „NCET ќе служи како фокусна точка за напорите на одделот да се справи со растот на криминалот што ги вклучува овие технологии“, рече Полит.
Извор: B92.net
Поврзани артикли