Смартфоните од iPhone 14 серијата на Apple се очекуваат во втората половина од годината, но овие уреди веќе се предмет на разни гласини и шпекулации.
Најновите информации споменуваат дека Apple ќе го зголеми капацитетот на меморијата. Јужнокорејскиот блогер „yeux1122“ истакна дека iPhone 14 ќе има 8GB RAM.
Дојавувачот го заснова своето тврдење на информации од синџирот на снабдување. Тој додава дека компонентите на меморија за iPhone 14 Pro се потврдени, и дека се приближува распоредот за масовно производство.
Неодамна, аналитичарот Џеф Пу ја потврди истата информација, иако претходно споменуваше дека iPhone 14 Pro ќе има 6GB RAM.
Досегашните гласини споменуваа дека iPhone 14 Pro ќе има камера од 48MP, што е сензор со најголем број пиксели на некој iPhone досега. Исто така, се посочува и дека iPhone 14 серијата ќе има само eSIM модели .
Потенцијалните измени на дизајнот кај iPhone 14 серијата би можеле да вклучуваат изменета предна камера, каде што сега може да се најдат два отвора за соодветните сензори.