Лицата кои се вакцинирани имаат многу помал ризик од развој на долг ковид ако се заразат со коронавирус, покажа британската анализа.
Експертите анализираа докази и податоци од 15 студии спроведени ширум светот, а резултатите покажаа дека, и покрај тоа што можат да се заразат со коронавирус, вакцинираните имаат значително намален ризикот од инфекција и сериозна форма на болеста, вклучително и симптоми како што е замор.
Анализата, исто така, покажа дека невакцинираните луѓе кои се инфицираат со коронавирус и добиваат долг ковид, поминуваат многу подобро ако се вакцинираат и дополнително.
Делови од студијата се фокусираа на ефектите од вакцинацијата пред и по инфекцијата и открија:
1. Луѓето со Ковид кои примиле две дози Pfizer, AstraZeneca или Moderna или една доза Janssen, имаат двојно поголема веројатност да развијат симптоми на долг ковид кој трае повеќе од 28 дена отколку луѓето кои примиле само една доза или немаат вакцини .
2. Вакцината беше најефикасна против долг ковид кај луѓе постари од 60 години.
3. Кај лицата кои биле вакцинирани по долг ковид, се забележува дека вакцината ги ублажува, а не ги влошува симптомите на ковид, веднаш или по неколку недели.
Луѓето со долг ковид најчесто наведуваат замор, отежнато дишење и болки во мускулите и зглобовите. Ваквите симптоми може да траат повеќе од четири недели.
Извор: N1info.com