По повод Денот на батеријата, кој се слави секој 18 февруари, HMD Global, домот на телефоните на Nokia, издвои пет совети како да се грижите за батеријата на вашиот паметен телефон и со тоа да го продолжите нејзиниот животен век.
Батериите се клучни компоненти на нашиот секојдневен живот. Повеќето од електронските уреди на кои се потпираме не би работеле без батерии – паметни телефони, лаптопи, светилки, далечински управувачи, часовници…
Полнење на батеријата
Континуираното полнење на телефонот до 100 проценти при користење на полнач со висок напон може да се оптовари батеријата на телефонот. Да се прекине полнењето на 80 или 90 проценти е добра идеја и би било идеално да се задржи батеријата помеѓу 30 и 80 проценти. Ова ќе го продолжи нејзиниот животен век.
Исклучете ја локацијата
На телефоните со Android, можете целосно да ја исклучите вашата локација/GPS или да блокирате одредени апликации да ја следат вашата локација. Видете ги поставките – апликациите за да проверите кои апликации ја користат вашата локација и да ги исклучите.
Избегнувајте изложување на телефонот на екстремни температури
Екстремно ниските температури може побрзо да ја трошат батеријата на вашиот телефон. Одржувањето на телефонот на собна температура каде што е можно, ќе обезбеди батеријата да трае што е можно подолго.
Полнете го телефонот во текот на денот
Ако сакате батеријата на телефонот да ви биде здрава, полнете ја преку ден, а не преку ноќ. Кога телефонот ќе се остави да се полни преку ноќ, батеријата повторно ќе почне да се празни. Штом нивото на полнење ќе падне под одредено ниво поставено од производителот, тој повторно ќе почне да се полни. На крајот, ова може да го забрза деградирањето на батеријата, па на крајот може да откриете дека вашиот телефон завршува на 0 проценти многу побрзо отколку кога сте го купиле. Ако сè уште го полните телефонот ноќе, погрижете се да не е покриен, на пр. под перницата, бидејќи тоа може да ја прегрее батеријата, што исто така ќе ги влоши нејзините перформанси со текот на времето.
Изберете режим за штедење батерија и темни режим
Функциите како Smart Battery Mode на уредите со Android помагаат да се зачува батеријата на телефонот, така што ќе треба да ја полните поретко. Вклучувањето на телефонот во темен режим (Dark Mode) исто така може да го продолжи траењето на батеријата во текот на денот.
Извор: Klix.ba