Судот во Москва ѝ одреди нова глоба на американската компанија Google во износ од 3,5 милиони рубли (46.100 долари) поради тоа што одбила да отстрани забранети информации од страницата, соопштиле за агенцијата ТАСС од прес-службата на Окружниот суд.
Претставници на Google не дошле на судското рочиште и одлуката е донесена во нивно отсуство, соопштија од судот.
Компанијата досега има добиено казни од повеќе од 40 милиони рубли (527.000 долари) за одбивање да отстрани забранети содржини.
Во декември 2021 година судија на мировниот суд во Москва му изрече глоба на „Гугл“ врз основа на прометот во износ од над 7,2 милијарди рубли (95 милиони долари), што беше преседан во руската судска практика, додава ТАСС.