Индија има намера да забрани 54 кинески мобилни апликации за кои Њу Делхи смета дека може да го загрозат суверенитетот и безбедноста на земјата, јави телевизијата НДТВ.
Според владини извори, меѓу планираните апликации се Sweet Selfie HD, Beauty Camera – Selfie Camera, Viva Video Editor, Tencent Xriver, Onmyoji Arena, AppLock и Dual Space Lite.
Индија веќе неколку пати забрани кинески мобилни апликации. Во 2021 година, 59 беа забранети, вклучувајќи ги и популарните TikTok, WeChat и Helo.
Блокирани се вкупно 300 апликации. Процесот започна во 2020 година по ескалацијата на индиско-кинеските односи долж границата, каде имаше судири меѓу кинески и индиски војници