Автомобилот кој пред четири години Eлон Маск го лансираше, се уште лета во вселената. Тоа два ипол пати сврте околу Сонцето и има поминато над 3 милијарди километри. Експертите велат дека засега мали се шансите тоа да се врати на Земјата или да удри во Сонцето или Венера.

Маск го лансираше неговиот автомобил Tesla roadster од Флорида. Тоа го направи како маркетиншки трик, а не за научно истражување. Се работеше за пробно лансирање на SpaceX, кој требаше во вселената да понесе со себе лажен товар.

Маск претходно рече дека тоа сака да биде најглупата работа која можеме да ја замислиме, па на крајот го одбра својот roadster. Во понеделникот возилото се најде на 375 милиони километри оддалеченост од Земјата и околу 320 милиони клиометри од Марс.

Тоа помина низ таканаречената ничија земја, покажувајќи податоци на страницата whereisroadster.com, која NASA ја користи за податоци за следење на возилата.

„Roadster веројатно се уште е во еден дел, но, можно е и да било погодено од некои метеороиди“, рече за CNN, Џонатан Мекдауел, од опсерваторијата „Смитсонијана“.

Во изминатите четири години тоа направило околу 2,6 круга околу Сонцето, минувајќи главно низ празното подрачје во вселената, односно вакум. Но, понекогаш би требало да мине и низ други вселенски тела.