НАСА пронашла извор на чудна топлина под Антарктикот, поради која континентот забрзано се топи.

Пред околу 30 години, научник од Универзитетот во Колардо соопштил дека можеби постои нешто повеќе од топлите карпи во јадрото на Земјата, и тоа во регион познат како Земја Мери Берд. Оваа претпоставка помогнала да се објаснат некои чудни појави во мразот, како што се вулкански активности.

Во некои делови од светот, топлите карпи се издигнуваат од покривката на Земјата и потоа се шират под кората, поради што земјата се крева. Ваквите појави се карактеристични за Хаваите и Јелоустоун, кои имаат силна геотермална активност, и покрај тоа што се далеку од рабовите на тектонските плочи.

Сепак, неверојатна е причината што се наоѓаат и под вечниот мраз.

„Мислам дека тоа е луда идеја“, вели Хелен Сероуси од НАСА лабораторијата, која е лидер на новото истражување. „Не знаев дека може да има толкава количина на топлина и дека ќе се задржи мразот на површината“.

Тимот сега направил нумерички модел на геотермалната активност, за да ги испита необичните појави на Земјата Мери Бер, вклучувајќи ги и големите реки кои се појавуваат под површината на мразот, како и езерата на цврстата плоча.

Тие откриле дека длабоко во утробата на Земјата постои силен извор на притисок и топлина, кој бил фoрмиран помеѓу 50 и 110 милиони години, долго време пред Антарктикот да биде прекриен со мраз.