Oppo ќе го претстави новиот флегшип телефон – Oppo Find X5 Pro, кој ќе го наследи Find X3 Pro од 2021 година и ќе има слична упадлива испакнатина на камерата која е обликувана и закривена од задното стакло.
Се појави комплетниот сет на официјални рендери – заедно со опсежната листа на спецификации – и се укажува на уште еден начин на кој Oppo и OnePlus сега се едно исто: партнерство со Hasselblad.
OnePlus за прв пат го најаваи повеќегодишното партнерство со Hasselblad со лансирањето на својата серија телефони во 2021 година, а неодамнешното протекување на Oppo сугерира дека ќе видиме соработка помеѓу Hasselblad и Oppo.
Интересно, се чини дека сензорите на камерата се исти како оние на Find X3 Pro, со два Sony IMX766 сензори од 50 мегапиксели во употреба; едниот во примарната, а другиот во ултра широката камера.
Иако хардверот на сензорот може да биде ист, обработката и репродукцијата на боите најверојатно ќе бидат различни. Ознаката „Powered by MariSilicon“ на задната страна покажува дека Oppo ќе ја користи својата нова единица за обработка на слика MariSilicon AI, додека Hasselblad најверојатно ќе ја користи за прилагодување на боите во слично партнерство како тимот на OnePlus x Hasselblad.
Рендерите првпат беа објавени од WinFuture – тие покажуваат елегантен телефон во бела керамичка и керамичка црна боја, со заоблено стакло на предната и задната страна што му дава прилично тенок изглед од страна.
Од предната страна, се тврди дека Oppo планира 6,7-инчен AMOLED екран со LTPO технологија и дека најверојатно ќе достигне максимална стапка на освежување до 120 Hz. Станува збор за 10-битен екран со резолуција од 3216 x 1440, што значи дека практично е идентичен со екранот на Find X3 Pro.
Другите спецификации на Oppo Find X5 Pro вклучуваат процесор Snapdragon 8 Gen 1, заедно со до 12 GB RAM и 256 GB простор за складирање, плус малку подобра батерија од 5000 mAh со поддршка за брзо полнење. Се очекува ова да биде технологијата за брзо полнење од 80 W на Oppo.
Телефонот најверојатно ќе биде лансиран на крајот на февруари, отприлика во исто време кога се одржува MWC во Барселона, така што не остана многу време до презентацијата.