Откако астрономот Бил Греј соопшти дека ракета на компанијата SpaceX ќе се судри со Месечината, му пристигна мејл од NASA со препорака повторно да ги погледне податоците, бидејќи заклучокот е поинаков.
Во јануари, Греј изјави дека горна фаза од ракетата Falcon 9 ќе се судри на Месечината во март. А тврдењето предизвика големо внимание кај медиумите и во јавноста, со критики насочени кон компанијата SpaceX и Eлон Маск.
Но, изгледа дека сите кои критикуваа сега му должат извинување на Маск и на неговата компанија, бидејќи наместо Falcon 9 на Месечината ќе падне кинеска ракета.
Греј призна дека направил грешка во првичната идентификација на вселенскиот отпад кој тој и други астрономи во 2015 година го нарекоа WE0913A.
Кога Греј и неговите колеги за прв пат го забележале објектот, неколку траги ги навеле да помислат дека станува збор за втора фаза од ракетата Falcon 9, која го однесе сателитот DSCOVR длабоко во орбитата таа година. Идентификацијата на објектот веројатно би минала незабележано во медиумите, ако астрономите дополнително не открија дека ќе се судри со Месечината.
„Во 2015 година погрешно го идентификував овој објект како 2015-007B, втора фаза на леталото DCSOVR. Имав прилично добри докази за идентификација, но ништо не е дефинитивно. Тоа воопшто не е вообичаено, бидејќи идентификацијата на вселенски отпад бара детективска работа, а понекогаш и не можеме да го идентификуваме“, изјави Греј.
Можеби и никогаш не би го дознале вистинскиот идентитет на вселенскиот отпад да не беше инженерот на NASA, Џон Џорџини. Тој го контактираше Греј и го информира дека системот Horizons на NASA може да процени локација и орбита на скоро половина милиони небесни тела во нашиот соларен систем, по што му покажа дека патувањето на леталото е во близина на Месечината. Поради тоа би било необично втората фаза на ракетата да „скршне“ од курсот на движење.
Сега Греј тврди дека е прилично сигурен дека Месечината ќе се судри со ракета која припаѓа на Кина, лансирана во октомври, 2014 година.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли