YouTube и официјално навлезе на NFT пазарот, па јутјубeрите ќе можат да ги продаваат своите содржини како NFT.
„Секогаш сме фокусирани на проширување на екосистемот на YouTube за да им помогнеме на креаторите да ги искористат предностите на новите технологии, вклучително и работи како NFT, додека продолжуваме да ги зајакнуваме и подобруваме искуствата на создавачите и обожавателите на YouTube“, велат од компанијата.
YouTube не е единствениот кој имплементира NFT. Twitter ја претстави функцијата NFT во јануари која им овозможува на корисниците да имаат NFT профилни фотографии, а Мета исто така размислува да го донесе NFT на своите платформи на Facebook и Instagram.
Некои јутјубери веќе ги продадоа своите оригинални видеа како NFT.
Во април 2021 година, Кара Канингам (порано позната како Крис Крокер) го продаде култното видео „Остави ја Бритни сама“ како NFT за повеќе од 41.000 долари.
Други добро познати видеа продадени како NFT се Charlie Bit Mi Finger (761.000 долари), Nian Cat (за 600.000 долари) и David After Dentist (за повеќе од 11.000 долари).
Извор: B92.net