Honor е подготвен да ја претстави новата серија гејминг лаптопи, под името Hunter. Компанијата сега го прикажа логото на серијата, а Hunter ќе биде официјалното име на брендот на овие гејминг модели.

Honor Hunter серијата е најавена преку тизери на Weibo социјалната мрежа. Нешто претходно, официјален претставник на Honor истакна дека првиот гејминг лаптоп на компанијата ќе има одлични можности за спроведување на топлината.

Засега нема премногу информации за Hunter лаптопите. Истакнато е дека ќе биде значајно потенок од што се очекувало. Повеќе информации за Honor Hunter серијата лаптопи се очекува како што се приближуваме до нејзината објава.