Зацврстување на позицијата на пазарите во развој и еволуција на компаниското портфолио за ефикасно задоволување на барањата на зрелите пазари се едни од главните цели на BtoBet за 2022. Растот на кадарот од преку 40 отсто изминатата 2021 беше катализатор за дополнително отворање нови можности и предизвици за компанијата која континуирано бележи успеси на глобално ниво.
Водечкиот провајдер на софтвер за спортско обложување во светски рамки, македонскиот BtoBet, се стекна со посакуваниот ISO 27001 сертификат за информациска безбедност. Меѓународниот сертификат кој ги поставува најдобрите практики на Системот за управување со безбедноста на информациите (ISMS), на партнерите на компанијата ќе им обезбеди цврста и сигурна, но агилна безбедносна рамка за заштита на податоците на нивните клиенти и играчи.
Според оперативниот извршен директор на BtoBet, Дима Ридерман, сертифицирањето со ISO 27001 е сериозно достигнување и потврда за една од главните заложби на компанијата, а тоа е одржување на највисоки стандарди кога се работи за безбедноста на информациите на нејзините партнери ширум светот. Ридерман потенцира дека стекнувањето со меѓународниот сертификат покрај тоа што ќе овозможи зајакнување на односите со постојните партнери, дополнително ќе ги зацврсти позициите на компанијата како доверлив партнер за сите потенцијални, заинтересирани оператори кои во иднина ќе ја користат врвната технологија на БтоБет, но и ќе овозможи отворање на нови можности во регионите кои компанијата ги таргетира.
Покрај меѓународниот ISO 27001, BtoBet која е инаку дел од реномираната групација Aspire Global, неодамна се здоби и со холандски сертификат за својата платформа за спортско обложување, со што доби директна можност за влез на еден од најатрактивните европски iGaming пaзари. Ова сертифицирање практично значи дека платформата Neuron 3 е целосно усогласена со холандските регулативи и со тоа подготвена за пазарот, што на локалните оператори ќе им овозможи да обезбедат приспособено обложувачко искуство за своите играчи преку најсовремена технологија.
Со ова, BtoBet постави основа за влез на уште еден регулиран пазар, успешно одржувајќи ја траекторијата на раст и реализирајќи ја компаниската стратегија за проширување на висококонкурентниот глобален пазар.
Поврзани артикли