Креирајте, фотографирајте и споделувате ги најубавите моменти со помош на професионална камера базирана на вештачка интелигенција, која ја нуди најновата Galaxy S серија.
Компанијата Samsung Electronics ги претстави Galaxy S22 и S22+, два водечки уреди кои поттикнуваат креативност и лично изразување. Galaxy S22 и S22+ воведуваат динамични камери со напредна интелигентна обработка на фотографии за да го направат секој момент незаборавен. Храбриот дизајн на Galaxy S22 и S22+ е посветен на одржливоста, така што уредите се и убави и еколошки свесни.
„Нашите камери на паметните телефони го трансформираа начинот на кој создаваме, споделуваме искуства и комуницираме. Преку фотографии и видеа, ние се изразуваме и се поврзуваме со луѓето за кои се грижиме“, изјави ТМ Роу, претседател и раководител на секторот за мобилното искуство (MX) во Samsung Electronics. „Затоа се фокусиравме на дизајнирање на нашиот најнов уред од серијата S со револуционерни способности на камерата што работи дење и ноќе, користејќи ги најдобрите перформанси за мобилни телефони досега.
Ноќта е ваша со најпаметната камера на Samsung досега
Galaxy S22 и S22 + се дизајнирани да обезбедат најнапредно искуство со камерата досега, така што корисниците можат да се поврзуваат и споделуваат содржина каде и да се. Со новите револуционерни карактеристики Nightography од серијата Galaxy S22 – 23% поголем сензор од Galaxy S21 и S21+, и Adaptive Pixel технологија – камерата пропушта повеќе светлина, одлично забележува детали и дава живи бои кои ќе овозможат вашата содржината да се истакнува, дури и во темница. Двата модели се направени со моќна главна камера од 50 MP, телефото камера од 10 MP и ултра широка камера од 12 MP за да можете секогаш да направите фотографии со највисок квалитет. Кога снимате видеа со пријателите, новата Auto Framing функција открива и следи до 10 луѓе одеднаш и автоматски го прилагодува фокусот на камерата за секој да може јасно да се гледа. Напредната VDIS технологија на двата модели ги намалува вибрациите за да добиете мазни и остри снимки дури и кога сте во движење. Galaxy S22 и S22+ се опремени и со најновата Samsung технологија, базирана на вештачка интелигенција која ги носи вашите фотографии на следното ниво. Лесно е да се направи совршена фотографија со Portrait mode режимот и новата AI Stereo Depth Map функција, за вашите фотографии да изгледаат подобро од било кога со видливо појасни и пофини детали благодарение на софистицираниот алгоритам за вештачка интелигенција. Работи подеднакво добро кога го фотографирате вашиот најдобар крзнен пријател: новиот Portrait mode го спречува спојувањето на влакната со позадината, така што секогаш ја добивате најдобрата фотографија од вашето домашно милениче.
Сила и перформанси кои се во чекор со вашиот живот
И на работа и дома, Galaxy S22 и S22+ се дизајнирани да ве поддржуваат дури и во деновите со највеќе обврски и тоа со првиот 4nm процесор во Galaxy телефоните. Ги извршува најнапредните процеси на вештачка интелигенција и машинско учење и обезбедува незаменливи перформанси за стриминг и продуктивност. Дополнително, анализата на мрежата ги поедноставува перформансите на апликациите со автоматско откривање која апликација ја користите и насочува најмногу енергија кон неа – така што користењето, сурфањето на интернет и навигацијата никогаш не биле полесни.
За молскавично брз процесор потребна е моќност што може да биде во чекор со него. Galaxy S22 е направен со робусна батерија која трае цел ден и брзо полнење од 25 W што никогаш нема да ве забави. Galaxy S22+ има супер моќна батерија која со едно полнење може да издржи подолго од еден ден. Galaxy S22+ нуди и супер-брзо полнење од 45 W, така што немора да чекате кога батеријата е при крај.
Гледањето филм или омилена серија ќе ви изгледа уште подобро на прекрасните Galaxy S22 и S22+ екрани. Двата уреди се опремени со Dynamic AMOLED 2x екран, дизајниран за најдобро гејминг искуство и гледање содржина. Без разлика дали ќе одберете премиум 6,1-инчен Galaxy S22 или 6,6-инчен Galaxy S22 +, секој е направен со Vision Booster интелигентна технологија која автоматски го прилагодува екранот на осветлувањето околу вас и го подобрува контрастот на боите, за да можете да уживате во најдобриот можен преглед на целата содржина. Покрај тоа, подобрувањата на перформансите на хардверот го подобри осветлувањето на екранот – S22 има максимална осветленост од 1.300 nits, додека S22 + има максимална осветленост од 1.750 nits..
S22 и S22+ ќе обезбедат постојана поврзаност и соработка. Преку нашето партнерство со Google, можете да уживате во Google Duo live sharing за да гледате фотографии во галеријата со пријателите или да правите белешки од состанок со колегите на Samsung Notes – дури и кога не сте заедно.
Совршен дизајн создаден да трае
Galaxy S22 и S22+ имаат карактеристичен контурен дизајн од серијата S што е омилен меѓу обожавателите, беспрекорно поврзувајќи ја камерата со куќиштето. За да создаде помазен и попрефинет изглед, Samsung ги направи двата уреди со препознатлив рамен екран, надополнет со луксузно стакло и завршна обработка. Сега, куќиштето на камерата од серијата S е дизајнирано да одговара на бојата на куќиштето на уредот со тенка и симетрична метална рамка за беспрекорен изглед. Резултатот е избалансиран, уникатен дизајн кој е современ, модерен и елегантен. Samsung Galaxy S22 и S22+ се достапни во фантомска црна, фантомска бела, зелена и розовозлатна боја
Овој одличен дизајн е направен да трае: Galaxy S22 серијата го претставува најиздржливиот мобилен уред на Samsung досега. Galaxy S22 и S22+ се првите модели од S серијата направени од Armor Aluminium – од кои ја направивме нашата најсилна алуминиумска рамка, за да можете да го носите вашиот телефон без грижа насекаде. Серијата Galaxy S22 е исто така првиот паметен телефон со новиот Corning® Gorilla® Glass Victus® +. Уредите од S22 серијата се опремени со ова цврсто стакло на предната и задната страна, така што случајните падови не се проблем.
Сепак, знаеме дека вистинската издржливост не е само хардвер. Како дел од нашата посветеност да им обезбедиме на корисниците најдобри можни перформанси и искуство на мобилни уреди, целата серија Galaxy S22 ќе биде поддржана со најмногу четири генерации надградби на Android OS. Сега милиони Galaxy корисници можат подолго време да користат предности на најновите функции за безбедност и продуктивност. Samsung ќе ја прошири оваа намера на целата наша линија производи за да ви обезбеди целосна поддршка низ Galaxy екосистемот.
Серијата Galaxy S ви овозможува да го прилагодите вашиот телефон според сопствените потреби. Можете да го користите чистиот и интуитивен нов кориснички интерфејс Samsung One UI за да го приспособите изгледот и искуството на почетниот екран и виџетот. Приспособете ги боите на иконите, графичките контроли, и многу повеќе, според личните преференци и создадете мобилно искуство што ја одразува вашата личност. One UI ви овозможува и лесен пристап до многуте емотикони, GIF и стикери директно на вашата тастатура, за да можете веднаш да покажете точно како се чувствувате без да напишете ниту еден збор.
Помогнете ни да изградиме одржлива иднина преку проектот Galaxy for the Planet
Како наш еколошки најсвесен уред досега, серијата Galaxy S22 е пионер на мобилната технологија додека истовремено ја штити нашата планета. Загадувањето со пластика претставува сериозна закана за животната средина, а фрлените рибарски мрежи се особено штетни за морскиот свет и нашите океани. Работејќи со водечките организации, Samsung помага во рециклирање на фрлените рибарски мрежи со тоа што ги претвора во материјал со високи перформанси за нашите паметни телефони. Овој материјал – од кој е направен key bracket – содржи 20% рециклирана пластика од океанот. Galaxy S22 серијата содржи и рециклиран материјал во своите звучници, како и во внатрешните делови на копчињата за напојување и јачина на звук.
Освен пластика од океанот, ние користиме 100% рециклирана хартија за пакувањето на Galaxy S22 и вклучуваме заштитна фолија направена од рециклирана пластика. Секоја футрола за паметните телефони е дизајнирана од UL-сертификувани, еколошки материјали – како што се рециклирана пластика или био-базирани супстанции. Овие корисни иновации се најновиот пример за посветеноста на компанијата Samsung да работи повеќе со помалку, како дел од проектот Galaxy for the Planet.
Безбедност на која можете да и верувате
Серијата Galaxy S22 е обезбедена со моќна Knox Vault безбедносна платформа, која вклучува безбеден процесор и меморија која целосно ги изолира чувствителните податоци како што се вашите лозинки, биометриски или Blockchain клучеви од главниот оперативен систем на телефонот. One UI и олеснителниот индикатор ви овозможуваат да видите кои апликации пристапуваат до вашите податоци и камера, за да можете да одлучите дали да дадете или одбиете дозвола за пристап за секоја од апликациите. Galaxy S22 серијата воведува и неколку нови безбедносни карактеристики, вклучително и ARM микро архитектура, која помага да се спречат сајбер напади врз вашиот оперативен систем и меморија.
Дополнително, Galaxy S22 серијата го има Samsung Wallet – практично и безбедно искуство кој го олеснува секојдневниот живот. Samsung Wallet комбинира дигитално плаќање, лична карта, клучеви и управување со дигиталните средствата во една алатка која ги поедноставува вашите секојдневни обврски, од покажување студентска легитимација, па се до изготвување патни документи пред лет.
Останете поврзани со помош на Galaxy екосистемот
Покрај новата серија S22, Samsung воведува сосема нова линија на таблети и ажуриран пакет функции за Galaxy Watch4 за корисниците на Galaxy да можат да останат поврзани во секој аспект од животот. Направена за новата ера на поврзување, серијата Galaxy Tab S8 – вклучувајќи ги Tab S8, Tab S8 + и Tab S8 Ultra – е најразновидната линија на Samsung таблети досега, дизајнирани да ги задоволат потребите на секој што работи, учи, игра и создава.
Достапност
Galaxy S22 и S22 + ќе бидат достапни по препорачани малопродажни цени од 50,999 денари за Galaxy S22 и 62,999 денари за Galaxy S22 +, во следните бои и опции за меморија: фантомска црна, фантомска бела, зелена и розовозлатна во модели на уреди од 8/128 GB и 8/256GB меморија.
За повеќе информации за новите Galaxy S22 и S22+ паметни телефони, посетете го линкот:
https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-s22/.
За Samsung Electronics Co., Ltd.
Samsung го инспирира светот и ja обликува иднината со идеи и технологии кои носат трансформација. Компанијата ги редефинира световите на телевизори, паметни телефони, уреди за носење, таблети, дигитални уреди, мрежни системи и меморија, LSI системи и LED решенија. За најновите вести, посетете го линкот http://news.samsung.com.
Galaxy S22 и Galaxy S22+ | ||||
Galaxy S22 | Galaxy S22+ | |||
Екран | 6,1” FHD +
Dynamic AMOLED 2X дисплеј Super Smooth стапка на освежување од 120 Hz (10 ~ 120 Hz) Стапка на освежување на допир 240 Hz Game mode Vision booster Eye Comfort Shield базиран AI со контрола на сино светло |
6.6” FHD+
Dynamic AMOLED 2X дисплеј Super Smooth 120Hz brzina osvježavanja (10~120Hz) Стапка на освежување на допир 240 Hz Game mode Vision booster Eye Comfort Shield базиран AI со контрола на сино светло |
||
* Мерено дијагонално, големината на екранот на Galaxy S22 е 6,1 „во полн правоаголник и 5,9“ во однос на заоблените агли, додека големината на екранот на Galaxy S22 + е 6,6 „во полн правоаголник и 6,4“ во однос на заоблените агли ; вистинската видлива површина е помала поради заоблените агли и отворите на камерата. | ||||
Заштита | Ултразвучен скенер за отпечатоци од прсти | |||
Димензии & тежина | 70.6 x 146 x 7.6mm, 168г | 75.8 x 157.4 x 7.6mm, 196г | ||
Камера | 12MP Ултра широка камера
50 MP Широкоаголна камера
10MP Телефото камера
10MP Предна камера
|
|||
AP | Напреден процесор од 4 nm | |||
* Може да варира во зависност од пазарот и операторите. | ||||
Меморија | 8 + 256GB
8 + 128GB |
|||
* Вистинската меморија може да варира во зависност од земјата, моделот, големината на датотеката и форматот. | ||||
Батерија | 3,700mAh | 4,500mAh | ||
* Типична вредност беше тестирана во лабораториски услови на третата серија. Типична вредност е проценетата просечна вредност во однос на отстапувањето во капацитетот на батеријата меѓу причините за батериите тестирани според IEC 61960. Проценетиот (минимален) капацитет е 3590 mAh за Galaxy S22 и 4370 mAh за Galaxy S22 +. Вистинскиот век на батеријата може да варира во зависност од мрежното опкружување, шемите на користење и други фактори. | ||||
Полнење | Брзо полнење 25W
Безжично полнење 15W Безжично PowerShare (Обратно безжично полнење) Компатибилен со USB-IF |
Брзо полнење до 45 W
Безжично полнење 15W Безжично PowerShare (Обратно безжично полнење) Компатибилен со USB-IF |
||
* Проценето во однос на профилот на користење на просечниот/вообичаениот корисник. Независно оценето од Strategy Analytics помеѓу 20 декември – 12 декември во САД и ОК со верзии пред објавување SM-S901, SM-S906, SM-S908 под стандардните поставки со помош на мрежи 5G Sub6 (НЕ е тестирано во 5G mmWave мрежа). Вистинскиот век на батеријата зависи од мрежното опкружување, користените функции и апликации, фреквенцијата на повици и пораки, бројот на полнења и многу други фактори. | ||||
* Адаптерот за напојување од 25W и 45W и кабелот за податоци се продаваат одделно. За Galaxy S22 +, се препорачува користење на оригиналниот Samsung адаптер за напојување од 45 W и кабел за податоци. За Galaxy S22, се препорачува користење на оригиналниот адаптер за напојување Samsung од 25 W и кабел за податоци. | ||||
* USB Implementers Forum, Inc. (USB-IF) е основан во 1995 година за да го поддржи и забрза усвојувањето на USB компатибилни уреди на пазарот и меѓу потрошувачите. Супер брзото полнење на уредите Galaxy S22 и S22 + е сертифицирано и усогласено со USB-стандардите, што значи дека вашите производи ги исполнуваат највисоките стандарди во индустријата. Овој сертификат можете да го најдете на www.usb.org. | ||||
* Ограничено за уредите Samsung или други брендови на паметни телефони со безжично полнење Qi, како што се Galaxy S22, S22 +, S22 Ultra, Z Fold3 5G, Z Flip3 5G, S21 FE 5G, S21 5G, S21 + 5G, S21 Ultra 5G, Z Fold2 , Note20, Note20 Ultra, S20 FE, S20, S20 +, S20 Ultra, Z Flip, Note10, Note10 +, S10e, S10, S10 +, Fold, S9, S9 +, S8, S8 +, S8 Active, S7, S7 edge, S7 Active, S6 , S6 edge, S6 Active, S6 edge +, Note9, Note8, Note FE и Note5. Достапно е и на одредени уреди за носење Samsung Galaxy, како што се Galaxy Buds2, Buds Pro, Buds Live, Watch4, Watch4 Classic, Watch3, Watch Active2, Watch Active, Gear Sport, Gear S3, Galaxy Watch и Galaxy Buds. Ако моќноста на батеријата е помала од 30%, Wireless PowerShare може да не работи. Може да не работи со одредени додатоци, капаци или други уреди на Samsung. Тоа може да влијае на приемот на повици или податочни услуги – во зависност од мрежното опкружување. | ||||
OS | Android 12
One UI 4.1 |
|||
Мрежа и поврзување | ||||
5G, LTE, Wi-Fi 6E (Galaxy S22+) / Wi-Fi 6(Galaxy S22), Wi-Fi Direct Bluetooth® v 5.2 | ||||
*Услугите на 5G мрежата се поддржани само на локации овозможени за 5G. Потребна е оптимална 5G врска. Вистинската брзина може да варира во зависност од пазарот, операторот и корисничкото опкружување.
* Достапноста на LTE моделот варира во зависност од земја и оператор. * Достапноста на мрежата Wi-Fi 6E може да варира во зависност од пазарот, мрежниот добавувач и корисничкото опкружување. Потребна е оптимална врска. Ќе ви треба рутер Wi-Fi 6E. * Технологија со ултра широк опсег на Galaxy S22 Plus |
||||
Плаќање | Samsung Pay со NFC технологија | |||
* Достапно на одбрани пазари. Опциите за плаќање и достапните функции може да се разликуваат во зависност од пазарот, операторот и давателот на услуги. | ||||
Сензори | Акцелерометар, Барометар, Сензор за отпечатоци, Жиро сензор, Геомагнетен сензор, Hall Сензор, Сензор за светлина, Сензор за близина | |||
Водоотпорност | IP68 | |||
* IP68 се заснова на услови за тестирање за потопување во свежа вода до 1,5 метри до 30 минути. Не се препорачува за употреба на плажа или во базен. Не е отпорен на прашина. |