Програмерот и пронаоѓач од Перм Александар Осипович вгради „симулација на свестаˮ на својот покоен дедо во робот-терминатор што го направи на 3Д-печатач.
Програмерот дигитализираше седумчасовна видеоснимка со својот дедо кој често размислувал на глас и барал да се снимат неговите идеи.
Дигитализираниот материјал пронаоѓачот го инсталирал во системот на роботот, а „Терминаторотˮ со помош на систем за препознавање на говор „ги претвори медиа фајловите во текстˮ и создаде „референтна база на прашања и одговориˮ.
Роботот гледа, чувствува допир и разговара со гласот на Николај, дедото на Осипович. Снимката од експериментот е објавена на „Јутјуб“ на каналот на програмерот.
Според мислењето на Осипович, неговиот изум ќе им користи на луѓето на кои тешко им паѓа загубата на блиска личност.
Извор: Russia Beyond
Поврзани артикли