Сите знаеме дека не треба да гледаме во нашите телефони пред да легнеме да спиеме.
Но, за многумина од нас читањето книга пред да си легнеме да спиеме е претешко, а 78 отсто од нас го користат мобилниот телефон неколку часа пред да си легнат да спијат.
Анкетата која ја спровел „Sleep Junkie“ на 2.012 возрасни луѓе, истакнала дека користењето одредени апликации пред спиење влијаат на квалитетот на сонот.
Апликацијата која најмногу вознемирувала била ТикТок, а 89 отсто од учесниците кои ја користеле пред спиење, кога се разбудиле чувствувале умор во споредба со оние коишто немале „електричен третман“ пред спиење.
Бројот на корисници на социјалната мрежа ТикТок се зголемил од 700 милиони корисници на почетокот на 2020 година на над милијарда корисници колку што брои денес.
На корисниците на ТикТок исто така им требало повеќе од еден час во просек да заспијат, а 14 отсто од својот сон го поминале во РЕМ фаза, што е половина од препорачаната доза за здрава возрасна личност.
Токму овие податоци ја прават ТиТок најлоша апликација за користење кај луѓето пред спиење.
„Sleep Junkie“ препорачува да не користите никаква електроника најмалку два часа пред да легнете да спиете поради сината светлина која ја емитуваат тие.
Сината светлина го стимулира мозокот и го намалува произведувањето на мелатонин, правејќи луѓето да се чувствуваат будни пред да си легнат, што може да доведе до лошо физичко, но и ментално здравје.
Дороти Чемберс, експертка за сонот, изјавила:
На интернет постојат многу информации за најдобри начини како да заспиете, но очигледно користењето на апликациите како што се социјалните мрежи, спречува многу од нас да добијат вистински одмор којшто ни е потребен по напорниот ден.
Се надеваме дека нашето истражување ќе даде подобар увид во некои од нашите најлоши навики пред спиењето и можеби ќе ги поттикне луѓето да ги одложат телефоните и да престанат да прелистуваат по социјалните мрежи за да можат да се разбудат свежи и полни со енергија“.
Поврзани артикли