WhatsApp веќе некое време подготвува реакции на пораки во стилот на она што го користат iMessage/Instagram услугите.

Прв пат дознавме дека WhatsApp подготвува нови реакции на пораки во август минатата година. Во тоа време, функцијата беше во рана фаза на развој. Неколку месеци подоцна, недовршената верзија на функцијата беше доставена до некои корисници, која потоа беше повлечена.

Сепак, се чини дека исполираната верзија на функцијата за корисниците на WhatsApp конечно ќе биде објавена наскоро.

WABetainfo објави неколку скриншотови од новите реакции на WhatsApp, давајќи ни ран увид во тоа како ќе изгледа функцијата кога ќе биде официјално објавена.

Корисниците на WhatsApp ќе видат ред емотикони, веднаш над самата порака. Не е познато како корисниците ќе комуницираат со пораките и емотиконите – дали тоа ќе се направи со долго притискање на пораката или ќе има посебно копче до пораката за додавање реакција.

Според WABetainfo, WhatsApp планира да додаде реакции на пораките во претстојното ажурирање на WhatsApp бета за iOS и Android.

Се додава дека реакциите ќе имаат end-to-end енкрипција, исто како што имаат текстуалните пораки или резервните копии.

Другите услуги на Meta, како што се Facebook Messenger и Instagram, веќе поддржуваат реакции на пораките.