Јапонскиот производител на автомобили Mazda одлучи да го прекине производството во две свои фабрики во Јапонија поради проблеми со снабдувањето со делови. Работата прекинува на 7. и 8 февруари, како што се наведува во соопштението објавено на интернет-страницата на автомобилскиот гигант.

Не е познато дали затворањето ќе влијае на целокупниот обем на производство на Mazda. „Проблемите со снабдувањето се поради студеното време во источна Северна Америка“, се наведува во известувањето.

Во јуни 2021 година, Mazda беше принудена да затвори една од своите јапонски фабрики на 10 дена поради недостиг на полупроводници за автомобили.