Американската вселенска агенција NASA има намера Меѓународната вселенска станица да биде во функција до 2030 година, по што Станицата би требало да се урне во оддалечен дел од Тихиот Океан.
Лансирана во 2020 година, оваа вселенска лабораторија во последните 22 години кружи над Земјата, а досега на неа престојувале над 200 астронаути од 19 различни земји. Нејзиното постоење претставува континуирано човечко присуство во вселената, во последните две децении.
NASA соопшти дека комерцијалните вселенски платформи ќе ја заменат Станицата како место за соработка и научни истражувања. Во извештајот, подготвен за иднината на Станицата, стои дека ќе се пензионира во 2030 година. NASA планира Станицата да се урне на Земјата на ненаселено подрачје над Јужниот Пацифик, познато како Поинт Нимо.
Се претпоставува дека излегувањето од орбита ќе се случи во јануари, 2031 година. Поинт Нимо е точка во океанот, најоддалечена од копното и многу пати има послужено како морски гробишта за бројни вселенски летала. Се проценува дека земјите со вселенски програми, како САД, Русија, Јапонија и некои европски земји потопиле повеќе од 263 парчиња вселенски отпад од 1971 година.
Во наредните осум години, Станицата ќе послужи за аналогни мисии за транзит кон Марс.
Извор: Klix.ba