Основачот на Facebook и извршен директор на матичната компанија Meta, ги предупреди корисниците на Facebook Messenger кои праваат „скриншот“ од нивните разговори.
Тој објави дека со ажурирањето на апликацијата, Messenger ќе ги извести корисниците доколку некој направи „скриншот“ од нивниот разговор. Сепак, ова важи кога е вклучена опцијата за исчезнување на пораки (vanish mode).
Во соопштението Марк наведува и дека додаваат Gif-ови, стикери и реакции на шифрираните разговори.
Соопштението следи по ажурирањето на широко користената платформа Facebook Messenger што им овозможува на луѓето да изберат опција нивните пораки да исчезнат.
Функцијата досега беше воведена во САД и се очекува да биде воведена за корисниците на Facebook во Европа во наредните недели.