На CES саемот претходно овој месец, Acer претстави три нови Chromebook лаптопи – Chromebook Spin 513, Chromebook 315 и Chromebook 314. Додека Chromebook 314 и Chromebook 315 беа прилично стандардни лаптопи од почетно ниво со Intel Celeron и Pentium Silver процесори, Chromebook Spin 513 беше малку поинаков. Наместо чип на Intel, го имаше ненајавениот Kompanio 1380 чип на компанијата MediaTek. Во тоа време, Acer само откри дека Kompanio 1380 има осумјадрен процесор и ARM Mali-G57 MC5 графички процесор. Сега MediaTek конечно го претстави чипот и сподели повеќе детали.
Целосно новиот MediaTek Kompanio 1380 располага со осумјадрен процесор со четири ARM Cortex-A78 јадра на 3GHz за перформанси и четири ефикасни ARM Cortex-A55 јадра на 2GHz. Како што споменавме претходно, чипсетот има и графички процесор ARM Mali-G57 за графички интензивни задачи, заедно со поддршка за четириканалната LPDDR4X меморија од 2,133 MHz. Дополнително, чипсетот го вклучува и APU 3.0 на MediaTek – повеќејадрениот AI процесор кој ќе помогне со AI камерата и 2GHz гласовни апликации со вештачка интелигенција, а го оптимизира и траењето на батеријата.
Kompanio 1380 нуди поддршка за најмногу два 4K дисплеи со стапка на освежување од 60Hz или еден 4K 60Hz дисплеј и два 4K 30Hz дисплеи. Исто така, има поддршка за AV1 хардверско декодирање и наменски ауидо дигитален процесор (DSP) за можности на гласот при будење (VoV) со ултра ниска моќност. За поврзување, чипсетот нуди поддршка за Wi-Fi 6 и Wi-Fi 6E, заедно со Bluetooth 5.0.