Во блог објавен на официјалниот сајт, Microsoft се осврна на перформансите на Windows оперативниот систем во последните две години.
Моментално постојат повеќе од 1,4 милијарди месечно активни Windows 10 и Windows 11 корисници ширум светот. Покрај тоа, времето поминато на Windows пораснало за 10% во однос на периодот пред пандемијата.
А во просек, луѓето поминуваат околу 40 проценти повеќе време на своите Windows 11 компјутери отколку што тоа го правела на Windows 10 уредите.
„Windows 11 е добро дочекан од страна на корисниците а поради бесплатното надоградување е забележано двојно побрзо прифаќање во однос на она на Windows 10“, истакнува Microsoft.
Компанијата исто така тврди дека Windows 11 има највисок резултат на задоволство од страна на корисниците во споредба со било кој друг „Windows“ досега.
Извор: B92.net