Од почетокот на пандемијата на коронавирус, еден од најголемите проблеми со кои се соочија корисниците на iPhone е неможноста да го отклучат уредот со помош на Face ID, при користење маска.
Во одреден момент, Apple дозволи Face ID да биде компатибилен со носењето маски, но опцијата беше ограничена на фактот дека е потребен Apple Watch за проверка и поврзување, за да може делумно да се совпаѓаат лицата.
За среќа, се чини дека ова ќе се промени. Една од поновите функции, откриена во iOS 15.4 бета верзијата, е можноста да се користи делумен Face ID, што би било корисно кога се носи маска. Исто така, опцијата повеќе нема да бара од корисниците да имаат поврзан Apple Watch.
Well this is new ? (iOS 15.4 Beta 1) pic.twitter.com/MSe7hmPGlR
— Brandon Butch (@BrandonButch) January 27, 2022
Дури и со маска за лице, Face ID може да се користи за Apple Pay, преземање содржини од App Store и за надворешни апликации.
„Face ID е најпрецизен кога е подесен да го препознава целото лице. За да го користите Face ID додека носите маска, iPhone мора да препознае уникатни карактеристики околу окото за да изврши проверка“, се вели во описот на функцијата.
Покрај наведената функција, iOS 15.4 бета додава подобрено препознавање кога корисникот носи очила.