Според најновите анализи на компанијата VGChartz, глобалната продажба на Nintendo Switch конзолата го надмина оригиналниот PlayStation (познат како PS1 или PSX).
Switch продаде 341.662 примероци во текот на неделата што заврши на 15 јануари 2022 година. Тоа ја зголеми вкупната продажба на конзолата на 102,81 милиони примероци.
Ова значи дека Nintendo Switch официјално ја надмина претходната продажба на првата генерација на Sony PlayStation конзолата и скокна на петтото место според продажбата.
Треба да се напомене дека продажбата на Switch ја вклучува комбинираната продажба на оригиналниот Switch, како и Switch Lite и Switch OLED моделите.
Следната цел на Nintendo Switch е да ја достигне серијата Sony PlayStation 4 во однос на продажбата, потоа Nintendo Game Boy (вклучувајќи го Game Boy Color), Nintendo DS и на крајот PlayStation 2, која е најпродаваната конзола на сите времиња (158 милиони продадени примероци).
Nintendo Switch беше глобално објавен на 3. март, 2017 година, додека PS1 беше објавен на 3. декември, 1994 година.