Human Horizon успеал да издејствува привремена забрана од германскиот суд, кој, по барање, побарал од Renault Deutschland AG да ја прекине употребата на своето лого во Германија
Кинескиот производител на електрични автомобили Human Horizon, сопственик на марката HiPhi, го обвини Renault за повреда на нивната регистрирана трговска марка, бидејќи логото на Mobilize, компанија за услуги за мобилност на францускиот производител, е многу слично на нивниот симбол. Компанијата во својата жалба тврди дека големата сличност меѓу двете логоа создала несигурност околу развојот на нејзиниот бренд, принудувајќи ја да ги запре европските планови за комерцијална експанзија кои веќе биле во тек.
Human Horizon, со седиште во Јанченг, сериозно се појави во индустријата во април 2019 година со првото електрично возило наречено HiPhi 1. Овој прототип беше дел од соработката со Bosch чија цел беше заедничка работа во развој на услуги внатре и надвор од возилата, претворајќи ги во интелигентни решенија за мобилност.
На презентацијата на Renaulation планот, извршниот директор на Renault, Лука де Мео, го најави создавањето на Mobilize, кој како нов деловен субјект треба да генерира вредност од услугите за мобилност и сервисите за енергетски податоци во корист на корисниците на возила (повеќе од 20% од приходите на групата во следните 10 години). Логото на оваа компанија се состои од буквата „О“ прешкртана со црта со линија. Human Horizon го обвини францускиот производител за кршење на регистрирана трговска марка минатата година во неколку земји, барајќи од Renault да престане со своите активности. Објавените детали покажуваат дека своето лого HiPhi го регистрирал уште во 2018 година на неколку клучни пазари низ светот, вклучително и во Европската Унија. Компанијатава ќе ја вградила иконата во голем број производи и аплицирала за глобална заштита на патент.
Од друга страна, во јануари 2021 година, Renault веќе аплицирал за графичка трговска марка во Европската унија, како и во Кина, Обединетото Кралство, Швајцарија, Норвешка, Бразил и Русија. Тоа лого го користел и на официјална веб-страница и на графички прикази на неговите автомобили. Во октомври 2021 година, Human Horizon успеа да извлече привремена забрана од германски суд кој, по барање, побара од Renault Deutschland AG да ја прекине употребата на своето лого во Германија. Во моментов, процесот е во рацете на судските сослушувања на различни земји.
Инаку, HiPhi нуди електричен SUV, HiPhi X, кој во Кина е лансиран во октомври 2020 година, а првите испораки се направени во мај 2021 година. Марката објави дека веќе има произведено и продадено 5.000 примероци од овој модел и дека вкупно продадените 4.237 возила, со 3.724 испорачани со тоа што од јули до ноември минатата година.
Извор: Додај Гас
Поврзани артикли