Социјалната мрежа им овозможи на корисниците да прикажат различни профилни фотографии.
Twitter објави дека лансирал алатка која им овозможува на корисниците да ги прикажат NFT како свои профилни фотографии.
На овој начин, компанијата навлегува во сферата на дигитално колекционерсво, кое еруптираше во текот на минатата година.
Ready to show off your NFT? Follow these simple steps to connect your crypto wallet and let’s see your NFT PFPs! pic.twitter.com/epSL7VXG5o
— Twitter Blue (@TwitterBlue) January 20, 2022
Сервисот ги прикажува NFT профилните фотографии како шестоаголници, со што се разликуваат од стандардните кругови достапни за останатите корисници.
Со кликнување на фотографијата се прикажуваат детали за сликата и нејзиниот сопственик.
Како и другите ИТ компании, Twitter сака брзо да ги следи трендовите, меѓѕ кои е и NFT. Минатата година социјалната мрежа им овозможи на корисниците да примаат и испраќаат биткоини.