Демонстрацискиот тест на првиот целосно автономен брод и неговиот систем за навигација беше успешно спроведено во Јапонија.
Бродот пловел автономно повеќе од 240 километри со брзина од 48 км/ч, а на крајот од своето патување успешно ја заврши процедурата за приклучување.
Технологијата што ја користи автономниот брод е развиена од Mitsubishi Shipbuilding, филијала на Nippon Foundation, а станува збор за ферибот Soleil долг 222 метри.
Демонстрацијата беше дел од проектот MEGURI 2040 на Нипон Фондацијата за целосно автономни бродови, а проектот беше лансиран во февруари 2020 година. Тестовите на системот за автономна навигација ќе се вршат во следните три месеци.
Rolls Roys соработува со Intel за да развие флота од автономни товарни бродови на кои нема да им требаат луѓе.
IBM се обиде да го премине Атлантскиот Океан во 2019 година со автономниот брод Mayflower, но тестот не успеа поради помал механички дефект.