Intel најави дека следната генерација на системи за рударење на Биткоини би можела да се испорачува со Intel Inside налепници.
Компанијата ги најави плановите за тоа дека на нивната претстојна конференција ќе се дискутира за Bonanza Mine чип за рударење на биткоини.
Bonanza Mine е опишан како ефикасен, ASIC за рударење на Биткоин со ниска потрошувачка, според податоците и документацијата кои се потпишани од страна на тројца претставници на Intel.
Засега, програмата не укажува на тоа дали Intel навистина планира да го испорача Bonanza Mine како завршен производ или само како истажувачки проект.
Intel претходно објави планови за блокчеин, како и дека тие нема да вклучваат стандардни процесори или графички карти. Тоа не претставува изненадување, со оглед на тоа дека биткоини рударењето одмана е преминато на ASIC.
Intel нема објавено информации за моќноста за рударање на новиот уред ниту дали ќе биде оптимизиран само за биткоини.
Извор: B92.net