Креаторите кои тоа го сакаат, наскоро ќе можат да воведат претплата за пристап до одреден дел од содржините по цена од 0,99 до 9,99 долари.
Инстаграм почнува да тестира нова опција која на најпопуларните корисници, односно креаторите на оваа мрежа треба да им обезбеди дополнителна заработка.
Мал број инфлуенсери сега ќе почнат да воведуваат претплата за пристап до дополнителна содржина што ја објавуваат на мрежата. Нивните следбеници кои сакаат да имаат пристап до таа содржина, ќе треба да платат помеѓу 0,99 и 9,99 долари (во зависност од тоа што ќе изберат сопствениците на профилот), а на почетокот целата сума ќе оди во џебот на инфлуенсерот, иако не е тешко да се погоди дека компанијата Meta на крајот ќе почне да си ја зема и провизијата.
При објавувањето на опцијата за претплата, првиот човек на Instagram, Адам Мозери рече дека претплатите се еден од најдобрите начини за предвидување на заработката, бидејќи тие не зависат од влијанието на поединечните објави, кои често може да варираат и се важни кога се преговара со спонзорите за плаќање. .
За креаторите на кои им е дадена опција да воведат претплата, на нивниот профил ќе се појави нова ознака на оја треба да се кликне за корисниците да се претплатат на содржината. Следбениците кои ќе се претплатат на креаторите на премиум содржини ќе добијат три опции кои нема да им бидат достапни на следбениците кои не плаќаат за содржината.
Нив ќе им биде овозможен пристап до содржината на Instagram Stories, создадена исклучиво за претплатниците, како и да гледаат преноси во живо што ги пренесуваат креаторите, кои нема да бидат достапни за обичните корисници. Друга опција што ќе ја добијат претплатниците се специјалните значки кои ќе се појавуваат веднаш до името на претплатникот кога ќе коментираат за објавата на тој креатор и кога ќе му испраќаат пораки.
Опцијата за претплата нема да биде достапна за сите корисници на Instagram, туку само за креаторите на содржини, а при тестирањето е достапна само за мал број такви креатори. По периодот на тестирање, претплатата ќе биде достапна и за други креатори, но се уште не се знае кога ќе биде.
Поврзани артикли