Лекарот за итна помош и директор на „Global Health in Emergency Medicine“, Крег Спенсер, напишал статија на 10-ти јануари за „The New York Times“ во која ги опишал главните проблеми што се јавуваат во екот на ширењето на омикрон.
И покрај вакцините и фактот дека новиот вид предизвикува поблага слика, зголемувањето на заразените е многу загрижувачко.
„Многу заразна варијанта како што е омикрон, дури и ако предизвикува полесна слика, сепак може да претставува сериозен ризик за животот на пациентот“, рекол тој и додал дека најголемата опасност поради заразноста на вирусот лежи во тоа што болниците ќе бидат преплавени, а пациентите со потешка клиничка слика нема да добијат соодветна помош и ќе умираат уште повеќе.
Експертите исто така напоменуваат дека постојат три симптоми на омикрон на кои треба да се обрне внимание, а тие се:
1. Воспалено грло
Д-р Анџелик Кеце, претседател на Јужноафриканското медицинско здружение, кое исто така беше првото што ја откри варијантата омикрон, рекла дека повеќето пациенти заразени со новата варијанта пријавиле „гребење“ на грлото со благо покачена телесна температура, која поминува сама по себе.
Со оглед на воспалението што се јавува во телото по инфекција со омикрон, главоболката е логичен симптом. Болката може да варира од остра до тапа и може да се појави со други симптоми.
3. Течење од носот
Она што е збунувачки во врска со омикронската инфекција е тоа што повеќето симптоми се совпаѓаат со обичната настинка или грип, што им отежнува на лекарите да ја дијагностицираат. Назалната конгестија, обично „водена“, е една од најчестите и е знак за барање лекарска помош.
Светските експерти предупредуваат на оваа комбинација на симптоми, за која велат дека е причина број еден за тестирање на Ковид.
Поврзани артикли