Според древна ирска легенда островот Хју-Брасил е скриен длабоко во маглата и истиот се појавува на секои седум години. Може да се види само во текот на еден ден, а потоа мистериозно исчезнува.

Мистериозниот остров на картите се наоѓал од 1325 година до 1800 година. На повеќето карти тој е лоциран на околу 300 километри од брегот на Ирска во Северен Атлантик.

Приказните за овој фантомски остров со векови кружеле низ Европа. За него се зборувало како за ветената земја, земја во која живеат светски, или пак рај каде живеат напредни цивилизации.

Една од впечатливите географски карактеристики на островот е тоа што на картите тој изгледа како круг со канал, за кој се претпоставува дека претставува река, која тече од исток кон запад.

На овој мистериозен остров му биле давани бројни имиња, од типот Хју-Бразил, Хју-Бреазил, Хју Бресил и Бразир, а имињата потекнувале од „Бреазил“ што значи висок крал на светот во келтската историја.

Островот на картата прв го забележал Анџелина Дулчерт од Џенова, во 1325 година. Тој го крстил Брациле, а подоцна се појавува во Каталонскиот Атлас во 1375 година, како два одвоени острови со исто име Лила де брасил.

Во 1436 година, островот се појавува на венецијанската карта на картографот Андреа Бианко, под името Сола де Брасил. На неа и е припоен еден од повеќето група на острови во Атлантикот. Островот повторно се појавува во 1595 година на картата на Европа Ортелиус и Европа Меркатор картата, а повремено ги има променето локациите.

Во следните години Хју-Брасил се повлекол во анонимност. Обидите повторно да биде пронајден завршиле неуспешно. Картографите почнале да го изоставуваат од наутичките карти. Кога последен пат бил забележан на картата во 1865 година, едноставно бил забележан како Бразил-рок.

Последна документација за него била забележана во 1872 година. Мистериозниот остров бил забележан тогаш од Роберт Офлаерти и Т.ДЖ. Вестроп. Вестроп тврдел дека го посетил островот три пати. Бил толку воодушевен и вчудоневиден, што веднаш го довел и неговото семејство да го види.

За мистериозниот остров поврзана е и приказната со инцидентот во Рендлешемската шума, каде што наводно покрај американската воена база во Британија, слетало непознато мистериозно летало, за кое се верувало дека е НЛО. Наредникот Џим Пенистон тврдел дека го допрел леталото и телепатски примил 16 страници на бинарен код.

Утредента Пенистон го запишал кодот и го превел децении подоцна. Кодот наводно ги претставувал специфичните координати на мистериозниот остров, место каде бил забележан од картографите. Во пораката наведени се и координати на неколку други древни локации ширум светот, како што се пирамидите во Гиза и линијата Наска.

На самото дно на пораките, координатите за Хју-Брасил повторно се напишани со почетната година од 8100. За разлика од Атлантида, за која се вели дека е најпознатата изгубена цивилизација, островот Хју-Брасил е веќе документиран и има повеќе сведоштва од очевидци кои тврдат дека го забележале.

Легендата би можела да биде приказна која се пренесува од генерации до генерации од крајот на последната ледена доба, кога нивото на морето било многу пониско. Островот е сместен на околу 193 километри западно од Ирска, а тоа е плитко место кое е изложено на исклучителна ниска плима. Тој се наоѓа на картите од 1830 година.

Највисоката точка е околу 200 метри под нивото на морето и истиот е потопен поради некаков вид на катастрофа или порастот на морето, велат научниците.