Microsoft воведе нова опција на својата апликација Teams, наречена Walkie Talkie. Се работи за новитет што им овозможува на корисниците „да го претворат“ својот паметен телефон или таблет во поделотворен подвижен уред за комуникација што работи преку мобилна или ви-фи мрежа.
Оваа функција беше најавена пред две години. Во септември 2020 година се појави на Android уредите, а сега е достапна и на мобилните уреди Zebra, како и за iPhone и iPad.
Apple исто така има своја опција слична на Walkie Talkie, од 2018 година, преку Facetime audio call.