Благодарение на спектроскопски инструмент, објавена е досега најдеталната тридимензионална мапа на вселената која прикажува 7,5 милиони галаксии.
Мапата е објавена на 13 јануари од калифорниската Национална лабораторија „Лоренс Беркли“. Оваа мапа е резултат од првите седум месеци истражување на универзумот, со помош на спектроскопски инструмент.
Мапата го одржува погледот од планетата Земја кон соѕвездието Девица, полека приближувајќи се кон соѕвездието Волар.
? #DarkEnergy Spectroscopic Instrument (DESI) Creates Largest #3D Map of the Cosmos ?☄️?✨
⬇️https://t.co/QPHrhYxv5o @desisurvey pic.twitter.com/dimPVO5cvl— Berkeley Lab (@BerkeleyLab) January 14, 2022
Астрофизичарот Џулиен Гај укажа дека е можно да се види отпечаток од историјата на ширењето на вселената. Ова е само почеток на работата на оваа лабораторија која секој месец ќе објавува податоци за милиони нови галаксии.
Кога истражувањето ќе заврши, а тоа е планирано за 2026 година, мапата би требало да содржи 35 милиони галаксии. Со тоа на астронаутите ќе им бидат достапни голем број значајни податоци за понатамошните истражувања.
The @desisurvey has capped off the first months of its survey by smashing through all previous records for 3D galaxy surveys, creating the largest and most detailed map of the Universe : it measured 7.5 million galaxies in only 7 months! Read more: https://t.co/O6B4DLpm7w
1/5 pic.twitter.com/vLiQvtqWYD— NOIRLab (@NOIRLabAstro) January 13, 2022
Податоците ќе придонесат за разбирање на мистериозната темна енергија за која се верува дека сочинува 70% од вселената и дека токму таа е причина за ширење на вселената.
Извор: Klix.ba