Twitter ќе стане повторно достапен во Нигерија откако тамошната влада во средата објави дека ќе ја укине блокадата за пристап до таа платформа.

По разговорите со американската компанија, беше договорено Twitter да отвори канцеларија во Нигерија, изјави владин претставник без да открие детали.

Забраната се укинува од полноќ.

Претседателот Мухамаду Бухари на 5 јуни наложи да го забрани пристапот на Twitter во земјата со околу 200 милиони жители.

Претходно Twitter ја избриша контроверзната порака на претседателот за граѓанската војна во Нигерија и го суспендираше профилот на шефот на државата на 12 часа.

Владата тогаш не наведе конкретна причина за суспензијата. Сепак, се наведува дека платформата била користена многу пати за активности кои би можеле да го поткопаат постоењето на Нигерија.