Научниците во Кина изградија истражувачки објект во кој се наоѓа „вештачка Месечина“, која овозможува симулирање услови на мала гравитација на Земјата за мали предмети.
Оваа информација доаѓа во време кога Кина амбициозно се приклучува кон елитата на вселенските суперсили, а тоа се Русија и САД. Кинезите се надеваат дека новата постројка ќе им помогне да се подготват за испраќање на првата екипа на Месечината.
Вештачката Месечина се наоѓа во вакуумска комора со пречник од само 60 сантиметри и ќе може да направи гравитацијата да „исчезне за посакуваниот период“, барем така тврди научникот Ли Руилин од Кинескиот универзитет за рударство и технологија.
„Некои експерименти како тестот за влијанија траат само неколку секунди во симулаторот, додека други траат со денови“, рече Ли.
Истражувачите користат магнетно поле кое е доволно силно за да ги магнетизира малите предмети и да направи да лебдат. Всушност, постројката била инспирирана од експериментите на физичарот Ендрју Геим, кој користел магнет што овозможил жаба да лебди.
Додека кинеската „вештачка Месечина“ баш и не овозможува реална симулација на ниска гравитација на Месечината, сепак дозволува тестирање на опремата во слични услови. Тоа треба да помогне да се тестира опремата на Земјата во мал симулиран простор. Научниците имаат намера да тестираат дали опремата за 3D печатење може да се користи во услови на ниска гравитација, дали може да се испрати технологија за изградба на лунарното живеалиште, како и друга опрема.
Најновите предлози за симулација на гравитацијата се однесуваат на идните вселенски ротирачки живеалишта. Еден од предлозите е „мегасателитска населба“ што орбитира околу џуџестата планета Ceres, а другиот е вселенски хотел. Наместо да користат магнети, двете структури малку би се ротирале и би симулирале гравитација во вселената.
Кинеската вселенска агенција стана првата што откри вода на површината на Месечината користејќи ја лунарната сонда Chang’e-5. Вселенската програма се развива брзо и има за цел да испрати екипаж на Марс пред да го сторат тоа SpaceX и NASA.
Извор: Klix.ba
Поврзани артикли