Фосилизирани остатоци од „морски змеј“ беа пронајдени за време на пејзажното уредување во природниот резерват Рутланд недалеку од Лестер во Англија.

До откритието дошле сосема случајно кога тим работници забележале нешто во калта. Ископувајќи ја почвата, пронашле фосилизирани остатоци од животно долго десет метри, а тоа е морски предатор наречен ихтиосаурус. Тоа е, исто така, најголемиот примерок од овој вид некогаш пронајден во ОК.

Ихтиосаурусот бил топлокрвно морско животно кое дишело воздух и можело да порасне до 25 метри во должина. Живеел помеѓу 250 и 90 милиони години, а фосилизираните остатоци претставуваат едно од најголемите откритија во британската палеонтолошка историја.

Ихтиосаурусите и другите морски рептили се пронајдени во близина на брегот на Дорсет или на брегот на Јоркшир каде што остатоците се изложени на ерозија на карпите. Сепак, ваквите откритија во внатрешноста се невообичаени, бидејќи Рутланд се наоѓа на 50 километри од брегот, но пред 200 милиони години бил покриен со плиток океан.

Големо парче глина со глава на ихтиосаур беше внимателно ископано и тежеше речиси еден тон. Истиот е подигнат од земја и сега ќе биде детално анализиран.

Целта на резерватот Рутланд е да се соберат средства за да може ихтиосаурусот да се чува на оваа локација и да биде достапен за јавноста.

Извор: Klix.ba