Samsung на саемот CES го претстави својот прв SmartThings таблет за домаќинство. Уредот е предвиден за контрола на сите паметни уреди во домот, пренесува The Verge.
Samsung e компанија која секогаш изненадува со иновации на различни саеми за технологија. Овој пат компанијата се одлучи да биде конкуренција на Google и Amazon и ќе претстави уред за контрола на паметните уреди во домот.
Уредот ќе се вика „HomeHub“ и ќе изгледа како таблет. Нема да работи со помош на асистентот Bixby, туку на допир.
Најдобро ќе функционира со работите кои ги произведува Samsung, но нема да биде ограничен само на нив.
Ќе врши мониторинг на потрошувачката на енергија на уредите на домаќинството и ќе ви дава совети како да заштедите енергија и да ја намалите сметката за струја.
Уредот ќе биде достапен во првата половина на 2022 во Јужна Кореја. Сè уште не е познато кога ќе пристигне во другите земји.
Извор: Nova.rs
Поврзани артикли