Сончевиот штит на телескопот Џејмс Веб, кој би требало да го заштити од сончевите зраци, успешно е отворен во вселената, а сега е на ред да се отвори системот на огледала.
Само со помош на оваа бариера со големина на тениско игралиште, телескопот ќе може да има доволно чувствителност да детектира сигнали кои доаѓаат од најоддалечените делови на универзумот, пренесува CNN.
Сега ќе започне втората фаза на демонтирање на платформата – отворање на телескопски огледала, од кои најголемото е со дијаметар од 6,5 метри.
Годините на тестирање на бројни модели се исплатеа затоа што контролорите и инженерите најпрвин ги одвојуваа и поставуваа различните делови од штитот без никакви проблеми, а потоа ги отвораа и ги донесоа во функција.
Откако сончевиот штит беше успешно инсталиран, менаџерот на проектот Бил Оукс рече дека телескопот ја надминал границата од 70 до 75 проценти од вкупно 300 можни дефекти кои може да ја нарушат способноста на овој комплексен систем да функционира.
„Ова е пресвртница и претставува пионерска работа на илјадници инженери, научници и техничари кои поминале значителен дел од својата кариера во развојот, дизајнот, производството и тестирањето на оваа вселенска технологија“, рече менаџерот на системот за заштита од сонце Џим Флин.
Груман, главниот инженер на NASA, потсети дека телескопот Џејмс Веб има способност да погледне наназад, користејќи ги своите инфрацрвени системи за набљудување и да открие скриени аспекти и погледи на универзумот подлабоко од кога било досега.
Извор: Politika.rs