Како новогодишно изненадување, кинеското вселенско летало „Тијанвен 1“ направи нови фотографии со помош на мала камера, која слободно лета околу орбитерот. Камерата снимила епско селфи над Црвената планета, пишува порталот Space.com.
Фотографиите го покажуваат „Тјанвен 1“ над северниот пол на Марс, со продолжени соларни антени, како и делумно зумиран орбитер и поглед на северната ледена капа на планетата.
Снимките се должат на малата камера што ја пушти орбитерот, а потоа безжично беше испратена до „Тјанвен 1“.
Според Space.com, ова е поглед на авион во орбитата на друга планета без преседан.
„Тјанвен 1“ е во орбитата на Марс од февруари 2021 година. Леталото го испушти роверот „Јуронг“ за да слета на планетата минатиот мај.