Откажувањето на многу големи компании неизбежно влијаеше и на повлекување во делот на посетителите од доаѓањето во Лас Вегас.
Во светот на технологијата CES е еден од најголемите и најбитни саеми. На почетокот на годината во Лас Вегас вообичаено се собира кремот на ИТ индустријата и поставува нови трендови вo потрошувачката електроника, но открива и идни ИТ ѕвезди.
Но, пандемијата на коронавирусот лани го спречи одржувањето на саемот, па CES се пресели во виртуелно издание, а годинава, и покрај напорите на организаторите саемот да се одржи во вообичаената форма, сепак ќе има хибриден облик.
Имено, во текот на изминатите две недели една по една големите компании како Intel, AMD, Google и Microsoft го откажаа своето физичко присуство. Пандемијата на корона вирусот особено ширењето на омикрон варијантата, ги натера тие компании да го жртвуваат настапот за да го сочуваат здравјето на вработените.
Откажувањето на големите компании влијаеше и на откажувањето на присуството на посетителите во Лас Вегас. Организаторите на саемот, CTA, не се откажуваат од одржувањето на саемот во живо, иако под строги епидемиолошки услови. Посетителите и компаниите ќе мора да покажат докази дека се вакцинирани, но и да се тестираат на КОВИД-19 помалку од 24 часа пред влезот во просториите на конференцијата. Маските се задолжителни во текот на саемот, а меѓународните посетители ќе добијат бесплатен PCR тест по завршувањето на саемот за безбедно да можат да се вратат во своите земји.
Сепак, од CTA открија дека го скратиле саемот на три дена и воделе дополнителни, построги мерки за да ја осигураат безбедноста на сите посетители и учесници. Така, саемот ќе се одржи во живо и ќе почне на 5 јануари, но наместо до 8, ќе трае до 7 јануари. Во живо ќе излагаат над 2.200 излагачи, со дополнителни виртуелни претставувања и онлајн настани.
Извор: Zimo.hr
Поврзани артикли